Фудбал

Сејдини: Нека има почит меѓу сите тимови, а на крајот нека победи најдобриот

Сејдини: Нека има почит меѓу сите тимови, а на крајот нека победи најдобриот

Првата македонска фудбалска лига стартува овој викенд, а првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, испрати порака до сите учесници во лигата.

Претседателот на ФФМ на сите им посака среќа во шампионатот и искрено се надева дека со фер-плеј и почит ќе мине оваа година во мак-фудбалот.

„Драги љубители на фудбалот. Овој викенд започнува новата фудбалска сезона во Македонија. Оваа сезона нека ни донесе игра изградена на тимски дух и почит кон противникот. Нека нашите терени бидат места каде што страста и ентузијазмот создаваат шампиони. Нека преовладее фер плејот и почитта меѓу сите тимови а на крајот нека победи најдобриот. Ја користам оваа прилика да посакам многу успех и радости за сите тимови. Со среќа на сите!“, гласи пораката на Сејдини.

ПМФЛ започнува во недела од 17:00 часот.

To top