Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска северниот дел на архипелагот Вануату во Пацификот, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), а властите соопштија дека не се очекува тоа да предизвика цунами.
Земјотресот се случи на длабочина од 22 километри, на околу 300 километри северно од главниот град Порт Вила, во 15:37 часот по локално време (5:47 часот по средноевропско време).
Според Американскиот институт, земјотресот се случил во близина на група ретко населени острови, а постои мала веројатност за настрадани или причинети штети. (МИА)