Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сценариото на ДУИ е прочитано, со протестите сакаат да ги бранат функционерите кои треба да одговараат за криминал

Сценариото на ДУИ е прочитано, со протестите сакаат да ги бранат функционерите кои треба да одговараат за криминал, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ знае дека треба да дада одговори за сите матни тендери, за лотарија, за подизведувачите на патиштата, за Соравија, за отпишаниот долг на синот на Муса Џафери.

ДУИ се свесни дека ќе има одговорност, а протестите и обидите за дестабилизација им се подлога да можат да вадат членови на улица кога нивните корумпирани функционери ќе треба да одговараат пред институциите.

Ако ДУИ и СДС беа чесни, немаше да менуваат Кривичен законик во очи на промена од власт и да се амнестираат себе за голем број на дела. Јасно е дека и ДУИ и СДС се свесни што правеле па единствена шанса за спас гледаат во вадење на политички притисок, и измислени тези за политичко уредување.

Јалови се обидите на ДУИ и СДС. Прочитани се. Одговорност ќе има, стои во соопштението на владејачката партија.

Најнови вести од Македонија

To top