Свет Ризикот е висок

Германските безбедносни сили се во состојба на готовност поради тензиите на Блискиот Исток

„Внимателно следиме како евентуалната идна ескалација ќе влијае на безбедносната ситуација во Германија“, изјави Фесер за весникот „Рајнише пост“.

Германските безбедносни сили се во состојба на готовност поради тензиите на Блискиот Исток

Безбедносните сили во Германија се ставени во состојба на готовност поради тензиите на Блискиот Исток, објави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер, јави ДПА.

„Внимателно следиме како евентуалната идна ескалација ќе влијае на безбедносната ситуација во Германија“, изјави Фесер за весникот „Рајнише пост“.

Таа посочи дека ризикот од идна ескалација на Блискиот Исток е висок и ја опиша ситуацијата како „исклучително опасна“. Германската влада, заедно со своите меѓународни партнери, работи напорно за деескалација, додаде Фесер.

„По терористичкиот напад на Хамас во Израел на 7 октомври 2023 година и последователната војна во Газа, има драстично зголемување на злосторствата на антисемитска основа“, рече министерката. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top