Ракомет

Словенија преку Норвешка за прво олимписко полуфинале во својата историја

Словенија преку Норвешка за прво олимписко полуфинале во својата историја

Машката ракометна репрезентација на Словенија ја изненади Норвешка и триумфираше со 33:28 во последната средба од четвртфиналната рунда на Летните Олимписки Игри.

Словенците испишаа историја затоа што за првпат успеаа да обезбедат полуфинале на оваа сцена, поточно закажаа битка со најголемиот фаворит за златото Данска која претходно беше подобра од Шведска со 33:28.

Влах со 11 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Блонц имаше седум реализации.

Во другото полуфинале ќе гледаме ракометна класика меѓу Германија и Шпанија.

To top