Македонија ВМРО-ДПМНЕ РЕАКЦИЈА

Визионерските политики на ДУИ се јасни како бел ден дури и на милионерите внуци на Ахмети, ограби ја и уништи ја државата и криј се зад лажниот патриотизам

Визионерските политики на ДУИ се јасни како бел ден дури и на милионерите внуци на Ахмети, ограби ја и уништи ја државата и криј се зад лажниот патриотизам

Визионерските политики на ДУИ се јасни како бел ден дури и на милионерите внуци на Ахмети, ограби ја и уништи ја државата и нејзините институции, па криј се зад лажниот патриотизам, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изјавата на Арбр Адеми е трагикомична и може да послужи како пример на отсутен политичар.

Ако визијата на ДУИ е да се иселат над 150 илјади Албанци од државава колку што се иселени изминативе 20 години додека ДУИ е на власт тогаш јака визија имаат.

Ако визијата е притоа милијардери да станат десеттина луѓе од раководството и милионери, уште стотина тогаш треба да ја патентирааг визијата.

Ако визијата е да ги срушат институциите од внатре и да ги пњачкаат злоупотребувајќи ја власта моќта и довербата на нивните гласачи, тогаш јака им е визијата.

Ако визијата им е да станат зелени пошто ги решиле сите етнички прасања па после прави зашто се за ЕУ без притоа да дадат еден проект за животна средина и една проевропска реформа, тогаш јака им е визијата. Поради визијата на ДУИ над 70 проценти од Албанците во државава живеат тешко и едвај поминуваат месец, работат макотрпно, а трудот не им се исплати додека овие од ДУИ со визијата се богатат екстремно.

И конечно, ако е визија тоа што ДУИ ги има во скут криминалците од врвот на СДС и ги уценува да не мозж да мрднат или кажат нешто нормално или да се спротистават на тоа што врвот на ДУИ и го прави на земјава, тогаш е тоа е вистинска визија.

Не треба човек да е генијалец за да ги сфати визионерските политики на ДУИ. Едноставни се како што едноставно и нивното делување, кради и ако гледаш ќе те фатат и се ќе излезе на виделина, протестирај, додаваат од партијата.

Најнови вести од Македонија

To top