Македонија македонија

Нема колективен одмор за Владата, министрите парцијално на годишен: Премиерот Мицкоски само на продолжен викенд со семејството во Црна Гора

Владата вчера ја оддржа својата редовна работна седница со која раководеше премиерот Христијан Мицкоски. Иако е период на одмори премиерот Мицкоски и повеќето од министрите беа присутни и се носеа одлуки.

На прашањето: „Каде ова лето на одмор?“, дознаваме дека Владата нема да оди на колективен одмор, туку министрите ќе користат парцијално годишен одмор.

Премиерот Мицкоски ова лето поголемиот дел останува работно ангажиран, и само кус период од 8 до 11ти месецов ќе се приклучи на одморот на неговото семејство, сопругата Рози и двете деца, кои стандардно и веќе традиционално се во Црна Гора. Поради обврските со владата и работна координација премиерот ќе искористи само дел од одморот, но тој вели дека и тие неколку дена поминати со семејството се доволни и драгоцени за него.

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски веќе го искористил својот одмор, додека Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска ова лето одморот ќе го искористи во втората половина од август.

Министрите кои доаѓаа од коалицијата Вреди најголемиот дел ќе одат на одмор во Албанија или турското крајбрежје.

To top