Ракометниот клуб Алкалоид од Скопје продолжи со подготовките во пресрет на новата сезона во ракометната Суперлигата и втората фаза ја одработува во Маврово.
Екипата предводена од тренерот Кирил Лазаров може да смета на сите ракометари во Маврово, а ростерот е составен од 21 ракометар кој го има на располагање стручниот штаб на оваа екипа.
РК Алкалоид потоа ќе има пет до шест контролни дуели, а оваа екипа ќе настапи и на пријателски турнир во Охрид од 20 до 24 август.
Алкалоид оваа сезона ќе настапи покрај Суперлигата и Купот на Македонија за првпат ќе игра и во Суперкупот, како и во меѓународна сцена во ЕХФ Купот.