Познати

Меган Маркл се присети на тешките моменти во Англија: „Не сакав да бидам жива“ (ВИДЕО)

Меган Маркл се присети на тешките моменти во Англија: „Не сакав да бидам жива“ (ВИДЕО)

Меган Маркл откри шокантни детали во новото интервју, вклучително и дека размислувала за самоубиство додека била во Англија.

Таа ова за првпат го спомена во интервјуто со Опра Винфри, но овој пат зборуваше и за својата борба.

-Ако она што го кажувам може да спаси некого или да поттикне некого да обрнува внимание на луѓето во неговиот живот, наместо само да претпоставува дека е во ред ако некој изгледа добро, тогаш ова се исплатеше. Ќе добијам удар поради тоа, рече Меган.

Инаку, ова интервју најмногу се однесуваше на иницијативата The Parents’ Network што таа и Хари ја започнаа, а која се занимава со обезбедување поддршка на луѓе кои изгубиле дете поради социјалните мрежи, директно или индиректно.

To top