Хроника МВР

Загрижувачко: За продолжениот празничен викенд се случиле 155 сообраќајни несреќи во Македонија

Ќе допрат ли превентивните кампањи до учесниците во сообраќајот?

Загрижувачко: За продолжениот празничен викенд се случиле 155 сообраќајни несреќи во Македонија

Алармантна и загрижувачка е статистиката за продолжениот празничен викенд. Во перидот од 1 до 4 август регистрирани се дури 155 сообраќајни несреќи каде едно лице го загуби животот, а 23 завршиле со тешки телесни повреди, анализира Сител/

Ќе допрат ли превентивните кампањи до учесниците во сообраќајот?

-Периодот актуелната е кампањата насочена кон мотоциклистите – носи кацига. Сите истражувања и анализи покажуваат дека носењето на кацига при евентуална сообраќајна несреќа и тоа како може да го спаси животот на лицето кое управува мотоцикл. Апелираме и до родителите да не им дозволуваат на своите деца да возат мотоцикли без соодветна заштитана кацига и без соодветна документација, вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР

Јавувањето за сообраќајна несреќа во Брза Помош е секогаш повик од прв степен и веднаш одат на лице место. Велат дека во летниот период најтешки се сообраќајките со возачи на мотори. Тие според лекарите најчесто завршуваат во болница со сериозни повреди.

-Во последното деноноќие интервениравме кај 4 сообраќајни несреќи – еден повреден пешак, превртено возило и две сообраќајки со лени повреди за среќа. Меѓутоа последниот период, посебно кога почна летото имаме доста сообраќајќи на мотоциклисти кои се едни од најтешките. Наидуваме на разни повреди од најтешката – повреда на глава и затоа апелираме да носат кациги, вели д-р Марина Сотировска, од Брза Помош Скопје.

Брзо возење, управување возило под дејство на алкохол се најчестите причини за сообраќајни несреќи. Оние кои не ги прифаќаат превентивните кампањи и не ја почитуваат сообраќајната култура се соочуваат со законски казни.

Почитувањето на апелите и од полицијата и од лекарите ќе ги намали насловите во рубриката Црна Хроника каде постојано читаме за загинати и повредени по македонските патишта, објави Сител.

To top