Свет БТА

Најмалку 56 загинати во нови судири во Бангладеш

Уште 11 лица загинаа во главниот град, а уште едно во пристанишниот град Читагонг, соопшти полицијата.

Најмалку 56 загинати во нови судири во Бангладеш

Најмалку 56 лица загинаа денеска во нови судири во Бангладеш откако премиерката Шеик Хасина ја напушти земјата, според нови полициски и болнички извори, пренесе БТА.

Најмалку 44 од убиените се пренесени во Универзитетската болница во Дака. Сите се здобиле со прострелни рани.

Уште 11 лица загинаа во главниот град, а уште едно во пристанишниот град Читагонг, соопшти полицијата. (МИА)

To top