Во врска со политичката полемика за поставувањето на крстот во кругот на манастирот „Свети Наум“ на Попова Шапка, причините треба да се бараат во одговорот на прашањето кој има корист од ваквиот обид за разгорување на меѓуверски тензии, истакна професорот Александар Спасеновски во „Тема на денот“ во гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител.
„Најмалку што ни е потребно е разгорување на верска нетрпеливост, а причините може да се најдат кај некои партии кои сакаат да остварат краткотрајна корист, но не треба да се исклучат и други надворешни хибридни влијанија на кои не им одговара стабилна Македонија“, вели Спасеновски.
Според професорот Спасеновски, оваа верска симболика на Попова Шапка е непроменета повеќе децении, односно дека е природно да има верски симболи во дворовите на верските објекти и дека треба да се акцентира внимателноста на верските заедници, како и на граѓаните кои не избрзаа со погрешни квалификации.