Македонија

Мицкоски и Курти разговарале за барањата за екстрадиција, двете прашања за осудените за „Монструм“ и за Блерим Рамадани продолжуваат на ниво на министри за правда

Барањата за екстрадиција од Косово на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“, како и прашањето за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, кој се наоѓа во домашен притвор во Скопје, биле тема на разговор на денешната средба на македонскиот и косовскиот премиер Христијан Мицкоски и Албин Курти. Овие прашања, како што посочија двајцата премиери на денешната заедничка прес-конференција во Скопје, ќе продолжат на ниво на министри за правда.

– За овие две прашања дискутиравме и нашите соодветни министри за правда ќе бидат во постојан и директен контакт. Се ќе биде во функција и правец на општата вредност која е заснована на уставот и законите, постапките и институционалните процедури во двете држави, но исто така, и во рамки на добрите соседски и европски односи кои што ние сакаме да ги негуваме, изјави Курти, одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Случајот на двајцата бегалци, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“, нагласи Курти, исто така е отворен како предмет и во косовското Специјалното јавно обвинителство.

– Случајот на двајцата бегалци сега е отворен како предмет во Специјалното јавно обвинителство на нашата држава, а исто така, и за лицето кое сега веќе се наоѓа во домашен притвор во Република Северна Македонија со барањето за екстрадиција и овој случај е разгледан и се надеваме дека што побрзо ќе бидат затворени овие два случаи, со цел и законите да бидат спроведени, но и нашите добрососедски односи да бидат запазени и да се негуваат, изјави Курти.

За тоа дали на средбата било разговарано и за приведувањето на Рамадани од македонските власти, косовскиот премиер рече дека и тоа било дискутирано на денешната средба, нагласувајќи дека „нема прашање ниту тема која е важна, а која не беше дискутирана“.

– Ова беше отворена, сериозна и искрена средба затоа што одржливите односи се градат само на овој начин. Дискусијата ќе ја продолжат нашите двајца министри за правда, изјави Курти.

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека косовскиот премиер Курти веќе дал одговор на ова прашање и дека би било бесмислено да се повторува, но дека во интерес на транспарентноста ќе повтори.

– Министрите за правда ќе продолжат да соработуваат не само за овој случај, и за случајот „Монструм“ исто така, и очекуваме, како што кажав на самиот почеток добрите добрососедски и билатерални односи само да одат во позитивен правец, а не да уназадуваме. Напротив, оваа средба е порака дека сакаме да ги зголемуваме и да ги подобруваме односите меѓу двете влади, нагласи Мицкоски.

Министерот за правда Игор Филков, на 31 јули годинава изјави дека потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Како што појасни, овие две барања се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор.

Поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, беше приведен на 17 јули 2024 година на преминот меѓу Косово и Македонија и веднаш бил префрлен во затворот Шутка во Скопје, по што на барање на Обвинителството за организиран криминал најпрво му е одреден екстрадиционен притвор од 30 дена. Кривичниот суд, минатата недела одлучи Рамадани, од екстрадициски притвор да премине во куќен притвор во Скопје.

Најнови вести од Македонија

To top