На 04.08.2024 во 19.25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, мотоцикл „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(49) од Гостивар, излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информира МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.