Македонија

За време на продолжениот викенд над 31.000 лица поминале низ ГП „Табановце“

За време на продолжениот викенд над 31.000 лица поминале низ ГП „Табановце“

Над 15.000 патници влегле, над 16.000 излегле на граничниот премин „Табановце“ за време на продолжениот празничен викенд, информираа денеска од МВР. На граничниот премин „Пелинце“, пак, влегле над 5.000 лица, а излегле над 1.700.

Според податоците на граничниот премин „Табановце“, од полноќ од 2/3 август годинава до денеска до 11:00 часот, во државата влегле 15.071 патници, од кои 6.443 македонски државјани, а 8.628 странски државјани. Излез оствариле 16.737 патници, од кој 9.685 македонски државјани, а 7.052 странски државјани.

И лани бројката на влез и излез е слична како и оваа година. Споредено со лани (2023) според податоците на МВР, во истиот временски период на ГП „Табановце“ влез оствариле 8.190 македонски државјани, 13.172 странски државјани, излез оствариле 21.362, од кои 11.349 македонски државјани, 9.144 странски државјани или вкупно 20.493 граѓани.

Граничниот премин „Пелинце“ на северната граница со соседна Србија, во летниот период повеќе го користат странски државјани, покажуваат податоците на МВР. Продолжениот празничен викенд на овој премин влез оствариле 5.126 патници, од кои 1.072 македонски државјани, а 4.054 странски државјани, излез оствариле 1.746 патници, 841 македонски државјани 905 странски државјани.

И лани состојбата била слична, влегле 555 македонски државјани, 2.540 странски државјани или вкупно 3.095. Излез оствариле 595 македонски државјани, 792 странски или вкупно 1.387 лица

Најнови вести од Македонија

To top