Србија остана без планиран медал на ОИ во Париз откако селекцијата во баскет три на три не успеа да се пласира во разврската за медали на ова големо натпреварување.
Првата шанса за полуфинале ја пропуштија кога за ривал ја имаа Литванија. Нашиот северен сосед на две и пол минути до крајот имаше водство од 18-14, но потоа дојде до огромен пад и пресврт во корист на Литванците, кои триумфираа со 18-21.
Србија имаше шанса за поправен против домаќинот Франција, но наместо рехабилитација следеше ново слабо издание, пораз од 19-22, што значеше и дефинитивна елиминација на српските баскет-мајстори од овие Олимписки Игри.