Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР и хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи дејствуваа на пожарот кај с.Косел, охридско.
Како што информира МВР, во 29 циклуси хеликоптерот Бел 412 исфрли над 43 тони вода, со што дел од краците на пожарот беа ставени под контрола.