Хроника СВР Струмица

Малолетник и маж повредени, се судрија со мопед и мотоцикл

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.К., а со повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Малолетник и маж повредени, се судрија со мопед и мотоцикл

На 03.08.2024 во 17:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Штука, општина Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник, и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од М.К.(61), двајцата од село Штука, општина Босилово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.К., а со повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

To top