Македонија мвр

Оперативната акција „Пожар 2024“ продолжува

Уште еднаш апелирам до сите граѓани да бидат внимателни, особено во овој топол летен период и да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари, нагласи министерот Тошковски.

Оперативната акција „Пожар 2024“ продолжува

Во рамки на денешните активности ги посетивме и селата Орел и Немањица, кои во изминатиот период беа зафатени од големи пожари. Штетите во овие области се огромни и сите сме свесни за предизвиците со кои се соочуваат жителите, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Уште еднаш апелирам до сите граѓани да бидат внимателни, особено во овој топол летен период и да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари, нагласи министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со активности во рамки на оперативната акција „Пожар 2024“ и преземање на сите потребни мерки за заштита на животите и имотот на граѓаните, стои во објавата на министерот Панче Тошковкси.

Најнови вести од Македонија

To top