Останати спортови

Тениско злато за Австралија на ОИ

Тениско злато за Австралија на ОИ

Австралијците Метју Ебден и Џон Пирс го освоија златниот медал во конкуренција на машки двојки на Олимписките игри во Париз. Во одличен меч во супер тај-брејк ги совладаа Американците Крајичек и Рам по сетови 6-7, 7-6, 10-8.

Крајичек и Рам први стигнаа до брејк и поведоа во првиот сет со 4-2. Сепак, Австралијците веднаш возвратија и ја вратија неизвесноста на мечот. Одлуката беше донесена во тај-брејкот во кој Крајичек и Рам го искористија третиот сет поен за 1-0 во сетови.

Американците имаа брејк предност и во вториот сет. Повторно имаа 4-2, но тоа водство не госочуваа. Следуваше нов тај-брејк, во кој Австралијците овојпат доминираа и го израмнија резултатот со 7-1.

To top