Познати Децениска љубов

Млади и заљубени: Досега невидена фотографија од Балашевиќ со сопругата

Млади и заљубени: Досега невидена фотографија од Балашевиќ со сопругата

Ѓорѓе Балашевиќ напиша и испеа толку многу емотивни балади што никого не оставија рамнодушен во текот на неговата долга кариера.

Сепак, многумина се прашуваат дали би имало вакви нумери доколку популарниот кантавтор не ја запознал својата сопруга Оливера во 1979 година, со која бил во брак четири децении и која му била најголема поддршка и инспирација.

Оливера и Ѓорѓе не се венчаа веднаш, иако одлучија иднината да ја поминат заедно. Малата Јована веќе се роди и беше бебе  кога решија да ја направат таа формалност, а подоцна се родија Јелена и Алекса.

Сега се појави слика од покојниот кантавтор и Оливера од нивните млади денови, а колку и да биле заљубени тогаш, останале заљубени до последниот ден од неговиот живот.

Instagram/estradni.arhiv
To top