Хроника нерегулиран престој

Шест странски државјанки се обиделе да избегаат при полициска контрола

По документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци, наведуваат во соопштението од МВР.

Шест странски државјанки се обиделе да избегаат при полициска контрола

На 01.08.2024 во времето од 01:50 до 04:00 часот полициски службеници од СВР Тетово, согласно изготвен план, спровеле акциска контрола во угостителски објект во гостиварско Чегране, сопственост на Б.Н.(42) од Чегране.

-При контролата поради нерегулиран престој приведени се шест странски државјанки (од Р.Србија и Р. Албанија) на возраст од 23 до 35 години, кои се обиделе да избегаат, но биле спречени во обидот, соопштија од МВР.

Лишен од слобода е и А.М.(29) од гостиварско Форино, кој работел како обезбедување во објектот, а сопственикот Б.Н. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање. По документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци, наведуваат во соопштението од МВР.

Поврзани теми

To top