Министерот за правда Игор Филков беше дел од владината делегација која во демирхисарското село Смилево положи цвеќе на могилата на Даме Груев, на споменикот на Смилевските илинденци и на спомен плочата на партизанскиот одред.
-Илинден е најголем празник на државата кога се оддава почит на борците за македонската кауза чија пожртвувана борба е вткаена во темелите на нашата државност изразувајќи го континуитетот и стремежот на нашите граѓани за создавање на своја држава, нагласи Министерот Филков.