Ракомет

Дербито на денот на ОИ за Славе Николов и Ѓорѓи Начевски

Дербито на денот на ОИ за Славе Николов и Ѓорѓи Начевски

Најдобрата ракометна судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го суди дербито на денот на ЛОИ меѓу Германија и Шпанија.

Овој натпревар ќе се игра со почеток во 16:00 часот, а делегати ќе бидат Јенсен од Данска и Аџемиан од Аргентина.

Германија и Шпанија, имаат по две победи и еден пораз, односно по четири бода, а со триумф на овој дуел може да го потврдат местото во четвртфиналето.

Македонските арбитри Николов и Начевски, претходно отсудија два натпревари – Словенија – Хрватска и Унгарија – Египет.

To top