Храна и Пијалаци совршен десерт

Подгответе тирамису во чаша и уживајте во богатството на вкусови

Жешките денови не ни дозволуваат да бидеме дома и најчесто времето го поминуваме на отворено. Затоа, брзите и вкусни рецепти се идеална опција, особено кога се во прашање десертите.

Подгответе тирамису во чаша и уживајте во богатството на вкусови

Жешките денови не ни дозволуваат да бидеме дома и најчесто времето го поминуваме на отворено. Затоа, брзите и вкусни рецепти се идеална опција, особено кога се во прашање десертите.

Време е да уживате во добро познатиот вкус на популарниот италијански десерт – Тирамису. Класик меѓу десертите победува со својот богат вкус и едноставна подготовка.

Тирамису е традиционален италијански десерт, ретко кој може да му одолее. Иако најчесто се формира на коцки, не го губи вкусот дури и кога се служи во чаша.

Рецепт кој ја почитува традицијата

Рецептот што го носиме е многу едноставен, па затоа е совршен избор за оние денови кога немате желба да поминувате часови во кујната. Совршено решение е и за оние кои немаат искуство со подготовка на колачи, бидејќи секој може да го направи. Готов е за помалку од 20 минути. Кафето што го користите во овој и во другите рецепти мора да биде црно (инстант кафе, турско кафе или еспресо). Кога станува збор за ликер, можете да користите ликер од кафе, рум или амарето или целосно да го изоставите.

Состојки:

3/4 шолја кафе
1 супена лажица ликер
4 супени лажици шеќер
2 јајца
250 гр маскарпоне сирење
12 пишкоти
какао во прав за посипување

Подготовка:

Две супени лажици шеќер и ликер измешајте ги со кафето и оставете да се излади. Одделете ја белката од жолчката и ставете ги во два посебни чинии. Белките изматете ги со миксер додека не добиете снег од белка. Остатокот од шеќерот (две супени лажици) измешајте го со жолчките, а потоа измешајте го со сирењето маскарпоне.

Подгответе ги чашите во кои ќе го редите тирамисуто. Прво ставете го кремот во чашата, па ред пишкоти кои претходно сте ги потопиле во кафе со ликер, па повторно кремот и така додека не стигнете до врвот. Во зависност од големината на чашата направете од 2 до 3 кори, а последниот слој нека биде крем.

Ставете ги чашите во фрижидер најмалку четири часа. Пред послужување посипете со какао во прав, а можете да го украсите и со парчиња чоколадо и зрна кафе.

To top