Брзо, кремасто тирамису, без јајца, без готвење – готово за 15 минути!
За преливот:
• 200 гр свежи јагоди
• 100 ml вода
• 1-2 лажици шеќер
• Сок од 1/2 лимон
За кремот:
• 300 мл слатка павлака
• 250 гр грчки јогурт
• 2 лажици шеќер во прав
• Рендана кора од 1 лимон
За преливот:
• 200 гр бисквити
• 300 гр свежи јагоди исечкани на коцки
• 100 гр бело чоколадо
Подготовка:
За прелив: со рачен блендер изблендирајте ги јагодите, водата, шеќерот и сокот од лимон – преливот е готов!
За кремот: изматете ја слатката павлака додека да се стегне. Додадете грчки јогурт, шеќер во прав и кора од лимон, нежно измешајте со шпатула.
Склопување: бисквитите кратко потопете ги во преливот и наредете ги во сад. Покријте ги со слој крем, посипете со коцки јагоди, изрендајте го чоколадото. Повторете уште еднаш, додека не ги потрошите состојките.
Се лади во фрижидер 2-3 часа.