Избраниците на Стив Кер го добија натпреварот со 103:86 и дојдоа до втората победа во групната фаза, односно до прво место во својата група.
Тејтум и Халибартон овојпат добија шанса во американскиот состав, а посебно се истакна Адебајо кој беше најефикасен со 18 поени како претставник на клупата, која вечерва повторно имаше важна улога во потврдувањето на победата.
Следуваа Дурент со 14 и Едвардс со 13 поени, додека во редовите на Јужен Судан издоминира Омот со 24 поени.