Останати спортови

Шокантна објава на српскиот џудист Мајдов: „Сатанистички ѓубриња, семето да ви се затруе“

Шокантна објава на српскиот џудист Мајдов: „Сатанистички ѓубриња, семето да ви се затруе“

Српскиот џудист Немања Мајдов имаше шокантна објава на Инстаграм по елиминацијата од Олимпијадата.

Мајдов доби три јавни опомени и со тоа беше поразен од Гркот Теодорос Целидис со автоматски ипон.

Тој се пожали на судиите, очаен, беснееше на Романката која ја делеше правдата, а на крајот не можеше ниту да ги сокрие солзите.

„Сатанистички ѓубриња, семето судијско да им се затруе. Да ме дисквалификувате по две минути и да не ми дадете шанса да покажам ништо… Дали се тие вредности и тоа е спорт и Олимпијада за вас, обични ѓубрари? Тоа е се, ќе ви се врати секоја солза гом*а сатанистички“, напиша Мајдов и додаде:

„Тоа е единствениот начин да ме спречите, клошари. Џудото е уништен и потрошен спорт. Стопроцентна судиска контрола на исходот на натпреварот… Поминува тој што сака да се наведне и да им се поклони. Па тоа никогаш нема да го добиете од мене, таков медал не ни треба, несреќни ѓубреџии нè тепаат четири години, 15 квалификации, ќутиш за да не те оштетат на Олимпијадата и повторно класиката, прати го дома уште пред да се загрее“.

Тој имаше и порака до претставниците на медиумите.

„А вие новинарите, јас не изгубив, никој не ме победи, тоа е малку потешко за известување, веќе ме дисквалификуваа за три казни што ги измислија и исфрлија. Не е судено, не дозволуваат. Моментално во овој спорт најдобрите не победуваат, сатанастите треба да ти дозволат да освоиш. Да им се моч*ам на се. За понатаму не знам, се додека тоа се нивните нови правила, не сакам да губам време и да правам жртва за овој спорт, затоа што нема никаква смисла“, напиша тој.

To top