Откако портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција кажа дека е направена груба партизација со назначувањето на Иван Иванов, син на експретседателот Ѓорге Иванов и Анстасија Илиевска, сопруга на водителот Богдан Илиевски, за членови на Надзорниот одбор на АД МЕПСО, подоцна од СДСМ се извинија дека направиле превид со имињата.
– Денеска во одговор на новинарско прашање направивме превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО.
Во морето на информации кои пристигнуваат деновиве до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на Управниот одбор односно Надзорниот одбор на МЕПСО.
СДСМ како одговорна и принципиелна партија, упатува јавно извинување до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО, но и до целата јавност, напиша Кузеска на фејсбук.