Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва ќе и се обрати на нацијата, соопшти неговиот кабинет.
Соопштението за негово обраќање (20 часот по локално време) е објавено после седница на безбедносниот кабинет што траеше речиси три часа.
Состанокот се одржа во момент кога Иран најави реакција по неодамнешните убиства на високи членови на Хезболах и на Хамас.