Скопје

Делови од скопски општини во четврток без струја

Поради враќање во функција на двата целосно санирани 110 кВ далекуводи на Електродистрибуција, на ден 01.08.2024 (четврток) од 01:30 часот до 09:00 часот наутро, без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците на следните локации:

Делови од скопски општини во четврток без струја

делови од Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар, Острово.

Арачиново, Ораланци, Мојанци, Брњарци, Трубарево, Стајковци, делови од Јурумлери, населба Гоце Делчев, Сингелиќ, Маџари и Керамидница.

Инаку, невремето кое пред скоро две недели зафати дел од Скопје, меѓу останатото сериозно оштети и два 110 кВ далекуводи на Електродистрибуција.

Екипите на Електродистрибуција, МЕПСО и ЕЛНОС Скопје, ноќта работеа без прекин, со цел да им овозможат снабдување со електрична енергија на засегнатите корисници.

По успешниот зафат и стаблизирање на снабдувањето, екипи на Електродистрибуција продолжија секојдневно да работат на реконструкција на оштетените далекуводи.

По целосната санација следува и процес на повторно ставање во функција на далекуводите, процес кој ќе се реализира во горенаведениот период.

To top