Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорката на Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ и со одбранбеното аташе, полковникот Небојша Ѓорѓевиќ.
-Изразивме задоволство од развојот на соработката и можностите за проширување на истата која во моментов опфаќа школување, обука, стручно оспособување, размена на искуства во делот на цивилно воената соработка и заедничко учество во меѓународни вежби.