Џејдон Санчо продолжува да се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед Неколку клубови изразија интерес за потпис на англискиот репрезентативец, а тоа се Борусија Дортмунд, Јувентус и ПСЖ.
Според информациите шампионот на Франција ПСЖ постигнал начелен договор со Санчо, кој кариерата треба да ја продолжи на „Паркот на принцовите“ во Париз.
Јунајтед за него треба да добие околу 60 милиони евра, а претходно на Дортмунд во 2021 година му плати 85 милиони евра.