Свет војна

Либан бара меѓународна истрага за ракетниот напад врз Голанската висорамнина

Либан денеска повика на меѓународна истрага за ракетниот напад врз Голанската висорамнина, за што Израел го обвини Хезболах и предупреди дека израелскиот напад врз Либан може да предизвика регионален конфликт.

Либан бара меѓународна истрага за ракетниот напад врз Голанската висорамнина

Либан денеска повика на меѓународна истрага за ракетниот напад врз Голанската висорамнина, за што Израел го обвини Хезболах и предупреди дека израелскиот напад врз Либан може да предизвика регионален конфликт.

Израел соопшти дека 12 деца на возраст меѓу 10 и 16 години се убиени, а 30 лица се повредени од ракета истрелана од Либан врз фудбалско игралиште во селото Маџдал Шамс.

Според Израел, станува збор за ирански проектил од типот Фалак со боева глава од 53 килограми. Според израелското Министерство за надворешни работи, Хезболах, кој ја негира одговорноста за нападот, е единствената фракција што поседува ваков проектил.

Во изјавата пренесена од официјалната Национална новинска агенција (ННА), либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб повика на „меѓународна истрага или трипартитна средба на комисијата со посредство на мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ) за да се утврди вистината“ за нападот.

Министерот ја отфрли можноста дека влијателната група Хезболах, која доминира во политичкиот живот во Либан, намерно гаѓала цивили, велејќи дека од почетокот на војната во Газа во октомври таа цели само на „воените позиции“.

Тој верува дека нападот можеби бил „извршен од други организации“ или било „грешка на Израел или Хезболах“.

Министерот ги повика двете страни да ја спроведат Резолуцијата 1701 на ОН, усвоена по војната меѓу Хезболах и Израел во 2006 година, која предвидува дека само либанската армија и Привремените мировни сили на Обединетите нации (УНИФИЛ) да бидат распоредени во јужен Либан.

„Напад од големи размери врз Либан ќе ги ескалира тензиите во регионот и ќе предизвика регионална војна“, предупреди тој, додека Израел се закани дека ќе го натера Хезболах да плати „тешка цена“.

Најнови вести од Свет

To top