Познати

„БЕШЕ МНОГУ ВОЗНЕМИРЕНА, НЕ МОЖЕШЕ ДА ГО КРЕНЕ ЧАЈНИКОТ“: Еве какви биле последните денови на кралицата Елизабета Втора, се е откриено

„БЕШЕ МНОГУ ВОЗНЕМИРЕНА, НЕ МОЖЕШЕ ДА ГО КРЕНЕ ЧАЈНИКОТ“: Еве какви биле последните денови на кралицата Елизабета Втора, се е откриено

Во последните месеци од животот, кралицата Елизабета Втора „едвај кревала чајник“ и се вознемирувала ако направи неред на послужавникот.

Британската кралица почина на 8 септември 2022 година. Нацијата беше шокирана кога беше споделена слика од изнемоштената кралица при средбата со тогашната премиерка Лиз Трус, пред да почине неколку дена подоцна.

Сега, инсајдерите споделија повеќе детали за нејзините последни денови поминати во Балморал, Шкотска, вели Роберт Џобсон, автор на „Кетрин, принцезата од Велс: Биографија“.

-Нејзиното височество едвај гледаше и таа едноставно немаше сила. Беше ужасно фрустрирана кога ќе истури на послужавникот затоа што мразеше да прави хаос. Таа бараше помал чајник и се нервираше кога персоналот ќе заборави и донесе голем, открива извор за MailOnline.

Нејзината смрт дојде само два дена откако ја изврши последната должност, збогувајќи се со Борис Џонсон и назначувајќи ја Лиз Трус за нов премиер на таканаречената церемонија на „бакнување рака“.

Во месеците по нејзината смрт, официјалната потврда за смртта на покојната кралица беше објавена со детали што ја предизвикало нејзината смрт и во кое време умрела. А документот покажа дека единствената причина за смртта е староста, без други фактори.

To top