На 25.07.2024 во 13:58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024 околу 18:15 часот од непозната електронска адреса на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието била испратена порака со заканувачка содржина.
За настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.