Свет

Меланија Трамп наесен ги објавува своите мемоари

Поранешната американска прва дама Меланија Трамп оваа есен ги објавува мемоарите под наслов „Меланија“. Ова се први мемоари на Трамп, која во голема мера е отсутна од очите на јавноста додека нејзиниот сопруг Доналд Трамп бара враќање во Белата куќа.

Меланија Трамп наесен ги објавува своите мемоари

Поранешната американска прва дама Меланија Трамп оваа есен ги објавува мемоарите под наслов „Меланија“. Ова се први мемоари на Трамп, која во голема мера е отсутна од очите на јавноста додека нејзиниот сопруг Доналд Трамп бара враќање во Белата куќа.

Тоа е „моќна и инспиративна приказна за жена која сама си го трасираше патот, ги надмина сите неволји и ја дефинираше личната извонредност“, соопшти нејзиниот кабинет.

Книгата „Меланија“ ќе ја објави издавачката куќа „Скајхорс“, која веќе ги објави мемоарите на поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани – поддржувач на Трамп и адвокатот Алан Дершовиц. „Скајхорс“ работеше и со независниот претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор и поранешниот советник на Трамп – Мајкл Коен, кој на крајот стана еден од неговите најжестоки критичари.

Поранешната прва дама „ги поканува читателите во својот свет, нудејќи им интимен портрет на жена која живеела, и сè уште живее, извонреден, необичен живот“, стои во најавата на книгата. „Меланија“ е полна со лични приказни и семејни фотографии коишто таа никогаш не ги споделила со јавноста.

Кабинетот на Меланија Трамп не соопшти точен датум на објавување и не соопшти дали книгата ќе излезе пред претседателските избори на 5 ноември.

Меланија Трамп, третата сопруга на Доналд Трамп, е загадочна личност и привлекува внимание откако нејзиниот сопруг ја почна првата кампања за Белата куќа во 2016 година. Таа отсекогаш внимателно ја чувала својата приватност, дури и како прва дама, сосредоточувајќи се на воспитувањето на нејзиниот син Барон и на иницијативата „Биди најдобар“ за „социјално, емоционално и физичко здравје на децата“. Годинава таа присуствуваше на настанот пред почетокот на претседателската кампања на нејзиниот сопруг и на минатонеделната Републиканска национална конвенција, но главно се држи настрана од претседателската кампања, па спротивно на традицијата – не одржа ниту говор на Конвенцијата.

Најнови вести од Свет

To top