Возачот на Ферари, Карлос Саинц ќе ја напушти италијанската екипа на крајот од сезоната затоа што ќе вози седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.
Шпанецот три години ги бранеше боите на Ферари во Формула 1, но од следната сезона ќе добие нов предизвик, иако сè уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата.
„Луис Хамилтон не е подобар возач од мене. Да ги прашате и останатите 18 возачи, ќе ви го кажат истото. Доколку го немав тој менталитет, немаше ниту да возам во Формула 1. Сите би ви го кажале истото“, кажа шпанскиот возач.