На 23.07.2024 вo 15:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Нов живот“ во Скопје, патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од Скопје, по што возачот го однел во Комплексот клиники „Мајка Тереза“
Таму му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.