Македонија ДОНАЦИИ

ДА СЕ СПЛОТИМЕ: Елена има потреба од наша помош, потресни се зборовите на нејзиното семејство

Таа во моментов не може да ги движи рацете и нозете, нема комуникација со неа, се храни преку гастростома.

ДА СЕ СПЛОТИМЕ: Елена има потреба од наша помош, потресни се зборовите на нејзиното семејство

„Елена има 24 години. Таа работеше како фармацевтски техничар и на 23 години замина во Словенија следејќи ги своите соништа за подобар живот. Но за еден миг се се смени. Од девојка полна со елан која постојано беше во движење, која сакаше да биде опкружена со пријателите, да се дружи, да шета, се претвори во девојка која само лежи, не се движи, не зборува“.

Вака почнува апелот за помош на семејството на Елена. Велат дека животот им се претворил во кошмар.

Потребно е да се сплотиме и да помогнеме.

-Таа не може да јаде, не може да каже што сака да јаде, се храни преку гастростома. Целосно зависи од нас.
Нејзиниот живот, а со тоа и нашите животи се сменија. Постојано по болниците повеќе од една година, по патиштата, се со една цел да и помогнеме да го врати сјајот во очите и насмевката на лицето. Да може Елена да се дружи со пријателите, да може да каже што сака, како се чувствува. Накратко ќе ви раскажам како животот може да се претвори во кошмар кој не може да се замисли и трае повеќе од една година. Елена во Мај 2023 од Македонија се пресели во Словенија со надеж за подобар живот, нејзината радост траеше само два месеци. Во јули доживеа тежок мозочен удар со големо крварење и веднаш беше направена операција во Љубљана. Таа беше во кома 3 месеци и во ноември нејзиното лекување продолжи во Турција каде што имаше неколку оперативни зафати на главата, две трансплатации со матични клетки, започна со роботска рехабилитација, вели нејзиниот татко.

Таа во моментов не може да ги движи рацете и нозете, нема комуникација со неа, се храни преку гастростома.

„Потребни се огромни финансиски средства да го продолжиме лекувањето овде и да се бориме за нејзиниот живот“ – вели родителот.

Направете донација со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut на

ОВОЈ ЛИНК

Најнови вести од Македонија

To top