„Нема да се откажеме додека не се вратат, а тоа е одговорност на мене и на воениот кабинет. Слушав за болката на семејствата. Разговаравме искрено. Споделив со нив колку што можев повеќе за дипломатските, разузнавачките и оперативни напори што ги спроведуваме дење и ноќе“, рече премиерот, пишува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека за заложниците размислува „цело време“. „Нема да престанеме да се бориме додека не ги донесеме нашите заложници дома, додека не го уништиме Хамас и обезбедиме дека повеќе нема да има закана од Газа“, рече Нетанјаху.