Македонија

СДСМ се распаѓа по сите шавови- само 1 лојалист и 1 фракционер пријавени за збор на седницата за нови заменици министри

СДСМ се распаѓа по сите шавови- само 1 лојалист и 1 фракционер пријавени за збор на седницата за нови заменици министри

СДСМ продолжува да се соочува со длабока внатрепартиска криза по историскиот пораз на изборите и изборот на новите водачи Венко Филипче и Зоран Заев.

Фракционерските судири и натаму го разоруваат партиското единство, а ова се потврди и на последната собраниска седница за избор на нови заменици министри.

За дискусијата на точката за избор на заменици министри од пријавени вкупно 39 дискутанти, само двајца од нив беа од пратеничката група на СДСМ – Јованка Тренчевска и Фатмир Битиќи кој најави фракционерско делување. Ова е алармантен сигнал бидејќи пратеничката група на СДСМ брои вкупно 18 пратеници. Ова покажува дека партијата е длабоко поделена и не е во состојба да демонстрира единство дури и во клучните моменти.

Истакнатиот новинар Бранко Геровски неодамна заклучи дека ако СДСМ продолжи да се однесува на овој арогантен и надмен начин, од сегашните 180.000 гласови што ги има, ќе спадне на само 100.000.

Ова е дополнителен аларм за партијата, која мора да најде начин да ги надмине внатрешните несогласувања и да ја врати довербата на своите поддржувачи.

Овој состојба на работ на распаѓање ја поттикна и неодамнешната објава на Стефан Богоев, кој на својот Фејсбук профил сподели слика која симболизира интензивен внатрепартиски судир, дополнително поттикнувајќи коментари и реакции на социјалните мрежи.

СДСМ мора итно да преземе мерки за да го спречи понатамошното влошување на ситуацијата и да најде начин да ја обедини својата пратеничка група и членството, ако сака да остане релевантен политички фактор во Македонија.

To top