Српските медиуми објавија дека белградски Партизан наскоро ќе добие големо засилување во името на Чима Монеке.
Басконија бараше обештетување од 1,5 милиони евра за него, но белградскиот клуб ќе плати 900.000 евра.
Монеке во минатата сезона во дресот на Басконија постигнуваше во просек по 13,6 поени, 6,6 скокови и 1,4 асистенции.
Крилниот центар во минатото го носеше дресот на Монако, Сакраменто и други екипи.