Свет САД

Бајден утре ќе се обрати пред нацијата

Бајден (81) беше во изолација во неговата резиденција во Делавер од крајот на минатата недела откако беше позитивен на тест за Ковид-19.

Бајден утре ќе се обрати пред нацијата

Американскиот претседател Џо Бајден утре ќе и се обрати на нацијата за првпат откако се откажа од кандидатурата за реизбор и ја поддржа потпретседателката Камала Харис да го замени како демократски претседателски кандидат.

Бајден денеска на X напиша дека неговиот говор во Овалната канцеларија ќе биде за „она што претстои и како ќе ја заврши работата за американскиот народ“.

Бајден (81) беше во изолација во неговата резиденција во Делавер од крајот на минатата недела откако беше позитивен на тест за Ковид-19. (МИА)

To top