Кошарка

Светислав Пешиќ ги одбра кошаркарите со кои ќе настапи во Париз

Светислав Пешиќ ги одбра кошаркарите со кои ќе настапи во Париз

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ одлучи кои 12 кошаркари ќе настапат на Олимписките игри. Пешиќ во Париз ќе ги однесе следните 12 играчи: Богдан Богдановиќ, Никола Јокиќ, Никола Милутинов, Василије Мициќ, Никола Јовиќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Марко Гудуриќ, Филип Петрушев, Алекса Аврамовиќ, Дејан Давидовац и Урош Плавшиќ.

Првиот натпревар популарните „прлите“ ќе го одиграат на ОИ против САД во недела од 17.15 часот, а потоа следуваат натпреварите со Порторико на 31. јули и Јужен Судан на 3. август.

To top