Свет Чешка

Фијала: Европа да биде подготвена за двата можни исхода од претседателските избори во САД

Фијала повтори дека Украина не се бори само за сопствената безбедност во војната со Русија, туку и за безбедноста на Чесите и Европејците.

Фијала: Европа да биде подготвена за двата можни исхода од претседателските избори во САД

Чешкиот премиер Петр Фијала денеска апелираше до Европската унија да биде подготвена за двата можни исхода од претседателските избори во САД и повеќе да се грижи за сопствената безбедност.

„Јас долго време тврдам, дури и пред Бајден да се повлече од кампањата, дека Европа мора да биде подготвена за двата исхода и дека Европа мора повеќе да се грижи за сопствената безбедност, да застане повеќе на свои нозе и во оние прашања во кои ние со децении се спротивставивме на фактот дека за САД одбраната на Европа е приоритет“, вели Фијала во интервју за чешкиот таблоид Блеск.

Чешкиот премиер предупреди дека предизборните дебати во САД покажуваат дека Американците имаат различни приоритети и интереси во другите делови на светот, а тоа Европа, како што рече, мора да го земе предвид.

Фијала повтори дека Украина не се бори само за сопствената безбедност во војната со Русија, туку и за безбедноста на Чесите и Европејците.

„Ако Русија ги постигне своите цели и ја окупира Украина, тоа нема да биде нејзин последен агресивен чекор“, изјави чешкиот премиер.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top