Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека постои голем ризик од појава и проширување на полио вирусот во Појасот Газа поради лошата здравствена и санитарна состојба во енклавата.
– Постои висок ризик од ширење на вирусот полимиелитис. Исто така тоа може да се прошири на меѓународно ниво, изјави претставникот на СЗО во Газа, Ајадил Сапарбеков.
Тој наведе дека се надева оти процената ќе биде завршена до крајот на неделата, што ќе им овозможи на здравствените власти да дадат препораки, „вклучувајќи ја и потребата од масовна вакцинација“.
– Крајно сум загрижен поради избувнувањето на епидемија во Газа. И ова не е само полиомиелитис, туку различни епидемии на заразни болести, истакна Сапарбеков.
Израелската војска соопшти дека во соработка со меѓународните групи донесени се доволно вакцини за да се опфатат повеќе од еден милион луѓе во Појасот Газа, која има вкупно население од околу 2,3 милиони.
Полиомиелитисот е многу заразен вирус кој може да го нападне нервниот систем и да предизвика парализа, а главно ги погодува децата на возраст под пет години.