Македонија

Стојаноска: Владата на Мицкоски за 30 дена донесе бројни инвестиции и капитални проекти, а Владата на СДС и ДУИ носеше само скандали

Кога на 23-ти минатиот месец зборував за предлозите на тогаш идниот премиер за министри напоменав дека никого нема предвреме и неосновано да фалам. Денес е точно 30-ти ден оттогаш и денес премиерот ни предлага имиња за заменици министри за во Владата на Република Македонија, истакна пратеничката Дафина Стојаноска на денешната седница на Собранието.

Стојаноска: Владата на Мицкоски за 30 дена донесе бројни инвестиции и капитални проекти, а Владата на СДС и ДУИ носеше само скандали

Кога на 23-ти минатиот месец зборував за предлозите на тогаш идниот премиер за министри напоменав дека никого нема предвреме и неосновано да фалам. Денес е точно 30-ти ден оттогаш и денес премиерот ни предлага имиња за заменици министри за во Владата на Република Македонија, истакна пратеничката Дафина Стојаноска на денешната седница на Собранието.

-Да видиме што сработеа тогаш предложените гласани министри на чело со премиерот Мицкоски во текот на изминативе 30 дена. На 25-ти јуни, објавена инвестиција на „Алказар Енерџи“ од околу 450 милиони евра за целосна енергетска независност, струја за 100.000 македонски семејства и работа за 630 македонски граѓани. На 26-ти јуни после точно 100 години почеток на изградба ново училиште во општина Кисела Вода, инвестиција вредна 1,5 милиони евра за околу 500-тини ученици, потсети Стојаноска.

Пратеничката посочи дека на 27-ми јуни се изнајде решение за покачување на пензиите за над 300.000 пензионери. На 28-ми јуни се одржа прва владина седница на која што се донесени одлуки за повисоки пензии и укинат Факултетот за здравствени услуги во Струга.

-На 29-ти јуни се одржа средба на премиерот Мицкоски со министерот Тошковски и објава на јасна порака од премиерот и министерот дека никој не е над народот, над законите и над Уставот. На 30-ти јуни се донесе решение 250 милиони евра за развој и капитални проекти на општините. На 1-ви јули се стави камен темелник на нова градинка во Бутел за над 200 дечиња, во вредност од над 100 милиони денари, истакна таа.

Стојаноска додаде на 2-ри јули се донесе одлука за укинување на економските директори по здравствените домови, универзитетските клинички центри, универзитетски клиники, клинички болници и институти. Таа потсети дека на 4-ти јули е започната изградба на спортска сала „Партизан“ во Гевгелија и пуштен булевар од Гевгелија до граничниот премин „Богородица“.

-На 5-ти јули имаше објава на нова германско – белгиска инвестиција во Македонија, нов производствен погон во општина Петровец вреден 20 милиони евра за вработени 110 македонски граѓани, појасни пратеничката.

Стојаноска укажа дека на 8-ми јули се објави и американска инвестиција во Македонија вредна 35 милиони евра и 100 нови вработувања. На 10-јули беше учество и обраќање на премиерот Мицкоски на НАТО Самитот во Вашингтон. На 13-ти јули преку 20 средби на македонскиот премиер и министрите од делегацијата со лидери на држави членки на НАТО. На 14-ти јули се изнајдоа решенија за финансирање и функционирање на клиничката болница во Штип и кичевската болница, како и интензивни комуникации со соседни и пријателски земји околу добивање на нивна помош и вклучување во гасење на пожарите низ Македонија. И ред други капитални инвестиции се случија во текот на овој месец но и остварување на бројни билатерални средби.

-Засега имаме Влада како никоја друга досега ги започна првите триесет дена. Отворени се фронтови на сите полиња, како во борбата со криминалот, така и во отворањето и изнаоѓање на нови инвестиции, како во изнаоѓање на начин за покачени пензии во износ од 2.500 денари веќе од септември оваа година, така и во кратење на економските директори, нагласи Стојаноска.

Таа додаде дека во минатата Влада предводена од СДС и ДУИ имаше само бројни скандали наместо проекти.

Најнови вести од Македонија

To top