Вашата улога како заменици е еднаква со онаа на министрите, зошто, затоа што треба да им бидете десна рака на министрите, рече пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието на која се расправаше за предлогот за заменици министри во Владата.
Според неа замениците заедно со министрите треба да го трасираат патот кон кој ќе се движи Македонија.
„На 8 мај, на изборите, здружената опозиција извојува историски најголема победа. Јасно е зошто е тоа така, затоа што народот верува дека ќе може да направи позитивни промени“, кажа Ласовска.
Пратеничката Ласовска со порака до замениците министри.
„Работете домаќински кон Буџетот и почитувајте го Собранието. Почетокот на Владата е одличен, не губиме надеж и покрај лошата затекната ситуација во институциите“, рече Ласовска.
Ласовска укажа дека програмските определби ќе се реализираат до последно.
„Се влезе во институциите и се констатира историски грабеж. Но, ние сите подеднакво продолжуваме со реализирање на ветеното, односно сега веќе на владината програма“, заклучи Ласовска на денешната собраниска седница.