Британскиот премиер Кир Стармер му оддаде почит на американскиот претседател Џо Бајден, кој одлучи да се откаже од претседателската трка, велејќи дека неговото наследство ќе се прошири многу подалеку од САД.
„Вистински пријател на работничкото движење, неговиот мандат ќе остави наследство што се протега многу подалеку од Америка и се изразува во слободата и безбедноста на овој континент и, пред сè, се разбира, во нашата непоколеблива решеност да го поддржиме народот на Украина“, рече Стармер пред британскиот Парламент за неодамнешниот самит на НАТО.
„Тоа ја остава НАТО алијансата посилна отколку што беше со децении“, додаде британскиот премиер. (МИА)